Три последователни земјотреси ги потресоа Тирана и Драч

 

Три земјотреси се регистрирани денеска на територијата на Тирана и Драч.

Како што соопшти албанскиот Национален центар за мониторинг на сеизмички активности, првиот земјотрес со интензите од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во седум часот.

Епицентарот на потресот бил на 29 километри западно од Тирана, на осум километри североисточно од Драч и девет километри северозапдано од Шијак, на длабичина од 10 километри под површината на земјата.

Само 26 минути по првиот почуствуван е вториот земјотрес  во истото подрачје, со јачина 4,1 степени според Рихтер. Со ист интензит бил регистриран и трет потрес во 8:15 часот.

Освен вознемиреност кај локалните жители, потресите не предизвилале материјални штети. 

20.01.2014 - 13:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега