Груевски: Ќе се усогласуваат платите во полицијата и администрацијата

Владата ќе работи на надминување на предизвикот со неусогласеноста на основната плата во Министерството за внатрешни работи со основната плата во државната администрација.

- Владата  во соработка со Синдикатот за надминување на овој предизвик ќе изработи повеќегодишна стратегија за усогласување  на основната плата во МВР со основната плата во јавната  администрација, рече премиерот во денешното обраќање пред синдикатите во државата.

Според Груевски, со тоа ќе се обезбеди етапно усогласување на структурата на платите во МВР  за да бидат слични со основната плата  во државната администрација и платите на другите полициски служби со земјите во регионот.  Тоа ќе се постигне, како што рече, преку корекција на платата, давајќи приоритет  на ниските плати, стандардизација на разликата на плати и признавање на  посебната улога на МВР во општеството поради ризиците, функциите кои ги врши и специфичните задачи во кои не се вклучени други претставници на јавната администрација.

Премиерот Груевски објасни дека оваа мерка е со цел подбрување на правата на вработените, за кои, како што рече, во изминатите период се преземени низа активности.  Во тој контекст, меѓу останатото, посочи  на  Законот за внатрешни работи со кој се овозможи пензионирање под посебни услови со навршување  40 години  пензиски стаж, без оглед на годините на возраста. Потсети и дека е донесен и Закон за полиција со кој е зголемен износот  на средствата наменети за додаток на плата  на полициските службеници, од претходните 20 проценти на 30 проценти поради видот на природата и сложеноста на полициските работи, како и поради тежината на работите и посебните услови под кои тие се извршуваат. Постигната е и согласнот со Синдикатот за зголемување на надоместот за прекувремена работа од 50 проценти на 100 проценти.

20.01.2014 - 12:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега