Груевски: Платите во културата зголемени за 60 отсто
Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека со донесените одлуки, до сега се зголемени платите на вработените во театрите, во Македонската филхармонија и во Македонската опера и балет за околу 60 отсто.
- Без какви било притисоци, во разговор со синдикатите донесовме одлуки со кои се зголемија платите во културата, изјави денеска премиерот пред синдикатите во Домот на АРМ.
Во соработка со СОНК, како што информира, се подготви Колективен договор за култура во кој се утврдени работни места кои ќе бидат исти за сите вработени во оваа област, согласно спецификата на установата: - Со тоа секој вработен во културата, за исто работно место ќе добие иста плата, појасни Груевски.
Груевски потсети и дека со Законот за медиуми се воведува одреден број часови задолжително емитување на домашна музика и домашна играна продукција и додаде оти ќе продолжи поддршката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа