„Грци со готовина“- Купувале имоти во Лондон во екот на кризата
Како што пишуваат грчките весници властите во Грција ги проверуваат таканаречените „златни имоти“ на свои сонародници во Лондон, кои биле купени во екот на кризата од 2009 до 2011 година.
Велика Британија до Грција испратила список со 400 имиња на Грци кои купиле или продале недвижности во Лондон и се претпоставува дека за време на кризата на британскиот пазар на недвижности имало трансакции во вредност поголема од 1,5 милијарди евра.
Двајца грчки обвинители задолжени за финансиски криминал, издале наредба да се проверат сите Грци кои се здобиле со куќи или други недвижности во Лондон во последните години.
Медиумите коментираат дека она што најмногу паѓа во очи е фактот што во екот на кризата, најмногу во периодот 2009-2010 година, интересот на Грците за купувања на имот во Лондон бил толку голем што брокерите ги нарекувале „кеш Грикс“, односно „Грци со готовина“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа