Јанкулоска: Алфите денеска го добија статусот кој одамна го заслужуваат

Единица за прв одговор и интервенција – „Алфа“ денеска доби нови решенија за работа. Според министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, Алфите денеска го добиле статусот кој одамна го заслужиле.

- Алфите го добија статусот кој одамна го заслужуваат. Ризикот со кој се соочувате е голем, но вие покажавате на дело што значи храброст и сите треба да знаат дека вашата пожртвуваност се вреднува, истакна во обраќањето министерката.

Инаку, во деветгодишното постоење, алфите привеле 17.052 лица од кои над 3.000 поради нарушување на јавниот ред и мир, над 680 за нелегално поседување на оружје, 3.528 поради поседување наркотични средства и над 2.800 за царински прекршоци и други кривични дела.

20.01.2014 - 12:27
Фото: 
Нова Македонија

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега