ДКСК изрече јавна опомена за Башким Амети
Државната комисија за спречување на корупцијата денеска изрече јавна опомена на Башким Амети поради кумулација на две функции, бидејќи тој истовремено со функцијата член на Совет на Град Скопје на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата директор на Агенцијата за управување со одземен имот.
- Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба на судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати лично до лицето Башки Амети со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откаже од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршува со што ќе се надмине состојбата на судир на интереси во која се наоѓа, се истакнува во соопштението од ДКСК.
Бидејќи тој не постапил по барањето на ДКСК, е донесена одлука да му се изрече мерка „јавна опомена“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа