„Македонија има што да им понуди на нордиските туристи“

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и оваа година го проворираше туристичкиот потенцијал на Македонија на најголемиот нордиски саем затуризам "Matka" кој се одржа во Хелскинки, Финска од 16 до 19 јануари.

-По минатогодишниот успех уште еднаш оваа година успеавме да покажеме дека Македонија има што да им понуди на нордиските туристи. Со новиот дизајн на штандот како и целокупниот промотивен материјал кој го подготвивме во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот успеавме да добиеме пофалби како од потрнцијалните туристите така и од најголемите тур оператори во Финска и нордиските земји. По бројот на промотивни материјали што беше поделен на македонскиот штанд, може да се пофалиме дека интересот е зголемен. На состанокот со локалниот тур оператор кој оперира со чартери во соседните земји и кој веќе ја има Македонија во своите пакет аранжмани со комерцијалните летови уште од 2007 година "NaantalinMatkakaupa" им беа претставени бенефициите кои им ги нудиме како држава и беше разговарано за можноста за поставување чартер летови. Исто така беше разговарано и со други големи и важни тур оператори како Аполо, Компас Скандинавија, Ауринкоматкат и изненадувачки беше тоа што ни испратија пофалби и не охрабрија дека со тоа што вложуваме во маркетинг, со настап наповеќе саеми со добро подготвен промотивен материјал така и со рекламните спотови на телевизија сме успеале да допреме до многу поголем број на туристи што резултира со изразено поголем интерест за Македонија во новите компании, вели Никола Костадинов, претставник на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Саемот во Хелсинки е третиот по ред интернацонален саем за туризам од предвидените 16 за оваа година.

20.01.2014 - 11:38
Фото: 
Sky.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега