Српска пејачка нема мир - ја прогонува поранешната девојка на вереникот
Српската пејачка Маја Николиќ се соочува со кошмар откако веќе неколку недели ја прогонува поранешната девојка на нејзиниот вереник. Тие двајца се решиле ноќта да ја поминат во хотел за да и избегаат на девојката со која вереникот на Маја бил во врска четири години.
Ален и Маја се немале видено цела недела поради оваа ситуација, а неговата поранешна девојка Катерина не престанала да им се јавува и да ги следи. За да ги избегнат непријатностите тие двајца преноќиле во хотел, бидејќи како што велат, со такви личности никогаш човек не знае што може да очекува.
- Уживаме во љубовта. Ниедна поранешна девојка не ни може ништо, вели пејачката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа