Отишол здрав на училиште - одеднаш му се слошило и починал
Хорор денеска ја потресе Босна. Малолетник кој оди во втора година во средно училиште ненадејно починал откако се пожалил дека му е многу лошо.
Според информациите од босанските медиуми, се работи за момче на возраст од 16 години на кое му се слошило за време на наставата, а од училиштето ученикот итно бил пренесен во болница каде докторите се обиделе да го реанимираат, но за жал се што можеле да направат е да констатираат смрт.
Учениците кои се завиени во тага за својот соученик и другар се уште се шокирани и не можат да поверуваат што се случило.
Врз телото на ученикот ќе биде извршена обдукција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа