"Молете се на Бог за мене" - свештеник се обесил во гаража

 

Српските медиуми денеска пренесуваат дека свештеникол Сретен Николиќ си го одзел животот во штала, а засега не се познати мотивите за самоубиството. 

Свештеникот излегол од дома во четвртокот, а неговата сопруга го чекала за заедно да се напијат кафе. Бидејќи долго време не се вратил, сопругата помислила дека е во црква, па отишла да го бара. Кога влегла во гаражата на црквата, која се користи како шупа, го видела безживотното тело на својот сопруг како виси, а до него имало оставено проштално писмо, пренесе српскиот Курир.

- Молете се на Бог за мене, напишал свештеникот во пораката.

Соседите велат дека забележале дека Сретен во последно време бил некако отсутен и постојано замислен, но не ни помислиле дека ќе дојде до ова. Велат дека бил добар и вреден човек. 

 

17.01.2014 - 09:25
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега