Косово може да игра пријателски фудбалски мечеви но без знаме и химна

 

Одборот за итни прашања на ФИФА одлучи националниот тим на Косово да игра пријателски натпревари, но без истакнување на знамето и без интонација на националната химна.

На официјалниот сајт на ФИФА стои дека договорот бил постигнат уште минатиот петок во Цирих, на кој присуствувале претседателот Сеп Блатер, како и лидерите на фудбалските федерации на Србија и Косово, Томислав Караџиќ и Фадиљ Вокри.

„Одлуката на одборот за итни прашања при ФИФА претставува голем чекор за развој на фудбалот во Косово, истовремено уште еднаш се потврди дека спортот претставува голема моќ во сплотување на луѓето“, е изјавата на претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, по постигнувањето на договорот.

16.01.2014 - 19:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега