Фирмите на Заев со годишна чиста заработка од 2 милиони евра
Четиринаесет фирми кои се во корелација или се во сопственост на семејството Заеви, оствариле годишна заработка од 2 милиони евра нето чиста добивка во текот на 2012 година. Според податоците на Нетпрес, Заеви оствариле чиста заработка од цели 2 милиони евра за само една година работа, што укажува дека праксата е сосема спротивна од она што секојдненво го говори СДСМ.
„Лично јас спаѓам се’ уште во средната класа, но доаѓам од богато семејство, кое има 820 вработени. Kапиталот е проценет на шест-седум милиони евра, во кредити се исто толку пет-шест милиони евра, апсолутно влезени да се докажеме пред општеството обидувајќи се редовно да дадеме плата и да ги платиме даноците на државата и да генерираме нови производи, нови продукции, кои значат нови инвестиции. С` што имаме е овде во Македонија. Мојот анкетен лист е реално достапен на јавноста. Мојот личен имот заедно со моите и со возилата на сопругата вреди 60-70-80 илјади евра“, изјави Заев годинава, пренесува Нетпрес.
Сепак, овие податоци говорат дека неговите тендери не биле воопшто мали како што тој тврдеше претходно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа