Пораст на убиствата во Албанија- за 23 години извршени 6.259 убиства
Огромен пораст на убиствата во Албанија е забележан по падот на комунистичкиот режим. Според статистиката во изминатите 23 години убиени се дури 6.259 убиства или во просек годишно по 272 лица годишно.
Лицата воглавно се убиени со огнено или ладно оружје во различни инциденти на целата територија на земјата.
Убиствата започнаа во 1990 година, (кога се регистрирани 205 убиства) година кога падна комунистичкиот режим и до ден денес негативниот тренд никако да запре, без оглед кој бил на власт, Сали Бериша, Фатос Нано или Еди Рама. Она што е тешко да се каже е црната статистика која потврдува дека во просек годишно се убиваат по 272 лица.
Бројот на убиства кулминација достигна во 1997 година кога се регистрирани 1.542. Во споменатата година се случија мартовските немири, по падот на пирамидалните штедилници, кога од воените магацини беа украдени околу 700 парчиња оружје и над 1,5 милијарди куршуми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа