Кон крајот на јануари ќе започнат преговорите за членство на Србија во ЕУ
На 21 јануари ќе се одржи првата меѓувладина конференција меѓу Србија и ЕУ, со која официјално почнуваат преговорите за членство.
Како претставници на Србија ќе бидат присутни Србија премиерот Ивица Дачиќ и вицепремиерот Александар Вучиќ, еврокомесарот за проширување Штефан Филе ќе ја претставува ЕК, а претседател на конференцијата ќе биде министерот за надворешни работи на Грција, која е актуелен претседавач со ЕУ.
"Нашите тимови се формирани и сериозно се подготвуваат за преговорите", рече претходно Дачиќ, додавајќи дека на првата прес-конференција ЕК и Србија ќе ги претстават своите преговарачки рамки, а потоа такви конференции ќе бидат одржувани четири пати годишно.
Дачиќ истакна дека Србија веќе го започнала скринингот и уште во наредните денови се очекува отворањето на поглавјето 35, во кое се групирани прашањата за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа