Откриена причината за смртта на младата девојка во Градскиот парк - ова се деталите

 

22-годишната Милица Мандиќ од Нови Сад која беше пронајдена како лежи мртва во Градскиот парк во понеделникот околу 14 часот и 30 минути, според податоците од обдукцијата, починала од природна смрт.

Обдукцијата покажува дека младата девојка починала откако едноставно и пукнало срцето додека седела во паркот, со што се негираат тврдењата кои ги изнесоа некои српски медиуми дека Милица се предозирала, бидејќи како што открива српскиот Курир, обдукцијата покажала дека девојката не користела наркотици.

Како што веќе објавивме, Милица во моментот на трагичниот настан била со своите пријателки во паркот. Врз нејзиното тело не се пронајдени траги од насилство.

Повеќе детали за смртта на младата девојка прочитајте ТУКА.

 

15.01.2014 - 10:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега