Таткото на починатото бебенце: Нема да се откажам, виновниците ќе платат за смртта на моето дете!
Миланко Тадиќ, таткото на едногодишното бебенце од Србија кое го загуби животот поради лекарска грешка, скршен од болка вели дека оние кои се одговорни за смртта на неговото дете ќе одговараат за негрижата.
- Нема да застанам, ќе се борам до крај. Ќе платат сите што се одговорни за смртта на моето детенце! Сите велат дека ништо не знаат дека никој не е виновен, а згасна еден живот...Ќе дојдам и до Министерството и до владата, некој ќе одговара за ова, вели таткото на малата Николина кој е скршен од болка по смртта на своето чедо.
Тој вели дека однел здраво и право дете во болница, кое до пред некој ден весело си играло со нив, а сега повеќе го нема поради нечија негрижа. За разлика од него, мајката завиена во тага, не можела да каже ни една реченица, пренесува српскиот Курир.
За потсетување, малото бебенце голтна зрно грав и се задуши при што веднаш беше однесено во болница, но во амбулантното возило немало кислород, па тоа на пола пат остана без воздух.
Повеќе за трагедијата прочитајте ТУКА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа