Ќе има ли предвремени парламентарни избори во Косово?
Поради одолговлекувањето со изборната реформа на Косово, алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај, заедно со Демократскиот Сојуз на Косово на Иса Мустафа, бараат во јуни да се одржат предвремени парламентарни избори.
Изборите во јуни најверојатно ќе бидат организирани согласно актуелните изборни закони, бидејќи ниту по долги преговори не е постигната спогодба за изборните реформи.
- Многу средби се одржаа за изборните реформи и резултати нема. Што се однесува на резервираните места во парламентот АБК е за тоа ДСК, Демократската партија на Косово и нашата партија да постигнат политички договор на Србите да им се овозможи уште еден мандат за резервираните места, рече Тахири.
Прашан зошто АБК дава поддршка за косовската Влада во дијалогот со Белград, Тахири изјави дека АБК го застапува стратешкиот концепт за развојни економски проекти и европски интеграции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа