Пијани полицајци крвнички тепале човек додека не се "срушил" на земјата

 

Двајца полицајци од Сурдулица се довеле во алкохолизирана состојба и крвнички претепале 43-годишен маж. Се работи за 46-годишниот полициски службеник Драган Величковиќ и неговиот 26-годишен колега Милош Станковиќ кои пијани го претепале 43-годишниот Момчило Анџелковиќ.

Полицајците се суспендирани од работното место, бидејќи го застанале човекот без никаква причина, го извадиле од автомобилот кој го управувал и крвнични го удирале додека не се онесвестил и паднал на земјата, пренесе Блиц.

Човекот завршил со скршена вилица, повреда на главата, како и повреди по целото тело. Повредениот е пренесен во Клиничкиот центар во Ниш каде лекарите за среќа успеале да му го спасат животот.

На полицајците им е дозволено да се бранат од слобода.

14.01.2014 - 13:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега