Вечна пролет во Македонија - од најавените снежни врнежи нема ништо

 

Ништо од најавените снежни врнжи. Најпопуларните сервиси за временска прогноза ги променија предидувањата за времето до крајот на месецот, па наместо интезивни снежни врнежи во последната недела од јануари, се прогнозира дожд и температури кои ќе надминуваат 10 степени.

Во меѓувреме, светските метеоролошки станици регистрираат температури кои се многу повисоки од просекот, пишува специјализираниот портал за временска прогноза, Weather4all
Американскиот национален центар за климатски податоци кој функционира во склоп на Националната управа за океани и атмосфера (NOAA) ги објави климатските податоци за периодот од 5 до 11 јануари 2014 година за Европа.

 

 Речиси во цела Европа е надпросечно топло, со исклучок на Ирска каде што температурите се во границите на повеќегодишните просеци. Постудено време од просечните вредности не е регистрирано никаде во Европа.

 Највисока температурна аномалија е забежана во источна Европа и тоа во западните делови на Полска и Словачка, Украина, Белорусија, Литванија, Латвија, Естонија, Финска и Русија каде што температурите се движат во интервал од 7°C до 9°C над просечните вредности, а  понакаде тие се и над 9°C.

 Исто така и во Македонија било надпросечно топло со температури кои се движат во интервал од 3°C до 5°C над просечните вредности за овој период од годината, а во северозападните предели во интервал од 5°C до 7°C. 

 

 

14.01.2014 - 13:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега