Несреќа во фабрика во Кавадарци: Работник со тешки повреди пренесен во болница
На 04.03.2025 во 09.50 часот во ОВР Кавадарци, од Општа болница Кавадарци било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.М.(55) од Неготино.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фабрика во Кавадарци.
За настанот биле известени јавен обвинител и трудова инспекција, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
05.03.2025 - 16:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа