Хорор: Ги нашле масакрирани на автопат, рацете им биле отсечени и ставени во торба - пронајдени исчезнатите мексикански студенти

 


Пронајдени телата на девет лица кои исчезнаа во јужниот дел на Мексико минатиот месец.

Телата се најдени масакрирани на автопат, заедно со торба во која се наоѓале нивните раце, пишува Дејли Меил.

Остатоците биле откриени во багажник на напуштен автомобил во Сан Хозе Миахуатлан, на границата со мексиканските држави Пуебла и Оаксака, на 280 километри од Мексико Сити.

Се верува дека станува збор за уште едно брутално убиство поврзано со картелите.

Мексиканската влада во 2006 година почна неофицијална војна против наркокартелите, во која до денес загинаа над 300.000 луѓе, а 60.000 исчезнаа. 

05.03.2025 - 15:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега