Булатовиќ: Ниту Црна Гора, ниту Србија нема да станат полноправни членки на ЕУ”
Момир Булатовиќ илипоранешниот црногорски претседател и премиер на СР Југославија, , денеска изрази сомнеж дека Црна Гора и Србија некогаш ќе станат полноправни членки на Европската унија, додавајќи дека Унијата нема долго да опстојува во својот сегашен облик.
“ Не сум коцкар, но ако треба да ги вложам сите свои пари би ги ставил на тезата дека ниту Црна Гора, ниту Србија нема да станат полноправни членки на ЕУ”, изјави Булатовиќ.
Според него, прашањето е до кога ќе опстојува самата Европска унија.
Тој додава дека сите досегашни анализи покажуваат дека поради кризата на еврото, кое е конструктивна грешка на самата ЕУ, Унијата нема да опстои во својот сегашен облик.
Булатовиќ кажа дека Црна Гора повеќе од 15 години се подготвува за членство во ЕУ, а оптимистите предвидуваат дека таа во Унијата евентуално може да влезе дури по десет години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа