Ја пратила шестгодишната ќерка во градинка жива и здрава - се вратила претепана
Мајка од Србија тврди дека нејзината шестгодишна ќеркичка била претепана во градинка. Според информациите на Блиц, Билјана Ф. вели дека нејзината ќерка била нападната од три врсници кои ја удирале во пределот на стомакот, главата и задникот.
- На пат кон дома мојата ќерка ми ги кажа имињата на децата кои ја претепале. Се пожали на болки во стомакот. Ја однесовме во Ургентен каде лекарите открија дека и е повреден желудникот, вели револтираната мајка.
таткото се обидел да разговара со учителките, но тие не сакале да го сослушаат. Потоа, родителите се јавиле кај родителите на децата кои им ја истепале ќерката. Таткото на едното момче признало дека неговото синче му кажало дека дошло до тепачка, додека останатите родители негирале.
Воспитувачките тврдат дека ништо не виделе и дека не дошло до физичка пресметка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа