Македонија најдобра во регионот според индексот на економски слободи

 

Според индексот на економски слободи за 2014 година, Македонија се најде на 43. место од 184 земји во светот. Се работи за индексот на слободи објавен од страна на Фондацијата „Херитиџ“ и „Волстрит Журнал“ според кој нашата земја оваа година го подобрила индексот на економски слободи за 0,4 поени во однос на минатата година, што е најдобар скок откако е вклучена од 2002 година.

Според извештајот, годинава Македонија има подобрување во 9 од 10 категории бизнис-слободи, трговски слободи, фискални слободи, јавна потрошувачка, монетарна слобода, инвестициска слобода, финансиска слобода, слобода на пазарот на труд, право и заштита на сопственост и корупција.

Од другите земји во регионот, Албанија е на 54 место, Бугарија и Романија на 62, Црна Гора на 68, Словенија на 74, Хрватска на 87, Србија 95 и Босна и Херцеговина 101 место.

Сингапур, Шведска, Колумбија, Полска и Турција оствариле најдобри резултати во своето постоење, а влошување на економските слободи од друга страна е забележано кај 59 земји, додека четири земји ја задржале минатогодишната позиција.

14.01.2014 - 09:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега