Бесими на работен состанок со министерот Хани
Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими денеска ќе оддржи работен состанок со министерот за локална самоуправа Тахир Хани, во рамките на ЕУ/ИПА институционалните посети, предвидени во Агендата ЕУ 2014 на Секретаријатот за европски прашања (СЕП).
Според најавите, на средбата ќе се разговара за тековните состојби, остварениот напредок, како и отворените прашања и предизвици во рамки на процесот на спроведување на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), со нагласок особено на ИПА Компонентата за прекугранична соработка (СВС).
10.01.2014 - 08:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа