СКАНДАЛ: Заев ги „испочитува“ македонските новинари среде Брисел (ВИДЕО)
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев им даде вистинско „почитување“ на македонските новинари кои известуваат како дописници за медиумите во земјава. Лидерот на СДСМ не најде време да му даде изјава на ниту еден од нив по средбата со еврокомесарот Штефан Филе. Дописникот на МИА, во својот извештај напиша дека Заев и Шеќеринска одбиле да дадат изјава за државната информативна агенција, а до изјава не стигнал ниту дописникот на МРТВ.
Наместо тоа, Заев од Скопје си понел своја партиска екипа, која го снимала, а потоа видеото го објавија на YouTube. На новинарите им било кажано дека можеби ќе им ја испратат изјавата откако самите ќе ја снимат.
Ваквото однесување на Заев ги става под знак прашашалник заложбите на опозицијата за почитување на новинарите. Токму лидерот на СДСМ заедно со Шеќеринска беше еден од најзагрижените за т.н. исфрлање на новинарите од собраниската галерија на 24 декември пред минатата година. Во СДСМ беа подготвени и да ја стават во залог македонската интеграција доколку во Извештајот за 24 декември не се вметне оваа точка.
Денешното однесување на Заев и Шеќеринска е голема навреда за македонските новинари чија задача беше да ги пренесат информациите по средбата со Филе, се коментира во новинарските кругови.
Дали Заев ги избегна новинарите за да не мора да одговара на нивните прашања и да може преку патискиот снимател да ја испрати изјавата која денеска треба да ја емитуваат македонските телевизии останува непознато.
Доколку е така, ова нема да му биде прв пат на Заев да бега од новинарски прашања. Во неколку наврати лидерот на СДСМ држеше т.н. „тематска прес конференција“ по која на новинарите не им беа дозволени прашања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа