Сред село се шетале вооружени до заби - полицијата се занимаваше со двајца млади тетовчани
Полициски службеници од Теарце завчера вечерта затекнале двајца млади тетовчани, Г.М. и Л.А. кои низ тетовско Јелошник се шетале со пушка „Steyr“ М-95, осум боеви куршуми кал.7,9мм и 25 боеви куршуми кал.7,62мм, гасен пиштол „Рецк“кал.8мм со рамка без куршуми.
Тетовчаните биле приведени, а полицијата ги натерала и да “пропеат“ за оружјето. Момчињата откриле дека кријат автоматска пушка во напуштена куќа во село Пршовце. По обавениот разговор со Г.М. и Л.А., полицајците се упатиле кон местото кое им го откриле момчињата и таму пронашле автоматска пушка и оквир со дваесет и девет (29) куршуми кал.7,62мм.
Момчињата биле предадени на тетовската полиција за понатамошна постапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа