Груевски: Во март повисоки пензии и социјална помош - од септември скокаат платите

 

Пензиите и социјалната помош во март ќе бидат повисоки за 5 отсто, а за исто толку проценти во септември оваа година ќе бидат зголемени и платите во  државниот и јавниот сектор, потврди премиерот Никола Груевски, нагласувајќи дека предвиденото во буџетот за 2014 година ќе биде исполнето.   

- Ова е во време во кое во повеќето земји има намалување на плати, пензии, некаде дури и на социјалната помош, поради европската должничка криза. Но ние најдовме начин, најдовме сили и можности, пред се заради нашето ветување, но и заради соодветното управување со буџетот, да овозможиме зголемување на пензиите на пензионерите, на социјалната помош за примателите на социјална помош и на платите на луѓето што се вработени во државната и јавната администрација. Тоа наше ветување ќе биде реализирано согласно овие рокови што ги кажав, изјави премиерот Груевски по промоцијата на нови наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

05.01.2014 - 14:23
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега