„Коледарски хепенинг“ по 21-ви пат во Гевгелија
„Коледарски хепенинг“ по 21-ви пат ќе се одржи вечер во Гевгелија во пресрет на утрешното празнување на Бадник.
На градскиот стадион во Гевгелија завршија сите подготовки пред палењето на бадников оган, а во негова близина поставена е сцената на која ќе продефилираат многу познати естрадни имиња од државата.
Граѓаните на општина Гевгелија, посетителите од земјава, но и се побројните гости од Грција кои специјално доаѓаат да го видат коледарскиот хепенинг, до доцна во ноќта ќе се забавуваат во очекување на огнометот.
Во исто време, вечер бадников оган ќе биде запален и во Старец маало во Негорци, каде што од многу одамна се негуваат обичаите за славење на Божик.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа