Политичките подмладоци во ДОМ ќе го зајакнуваат своето место во партијата

Со новите статутарни промени во ДОМ, подмладокот во партијата ќе има поголема можност и членови во Извршниот и Централниот Одбор со што ќе се овозможи поголема независност на Младинската организација во носењето на одлуките. 

„Би сакале да ги охрабриме и нашите пријатели од другите политички подмладоци да преземат активности и да се изборат да се слушне гласот на младите, преку нашите заложби да ги подобриме правата на младите и развојот на младинските политики и стратегии, да се обезбедат буџетски средства за подмладоците на политичките партии со кои ќе се овозможи соодветно претставување на проекти и политики наменети за младите, како и нивна поголема вклученост со точен број на загарантирани места во одлучувачките органи на партиите - рече Блаже Јосифовски, потпретседател на МОДОМ и член на Извршниот одбор на европската Мрежа за развој и соработка на Источна Европа (CDNEE).

Со статутарните промени во партијата, ДОМ предвидува да биде воведен паритетен родов однос на раководните функции во партијата (на цетрално и на локално ниво) и на листите за избори.

„Извршниот одбор на ДОМ во целост ја поддржува иницијативата на МОДОМ за „Посилен глас на политичките подмладоци". Ова е во согласност со зелените вредности за почитување на различните мислења и давање простор за нови и прогресивни идеи што ги носат младите, истакнаа од партијата.

Од таму најавуваат, дека ќе иницираат измени во Законот за политички партии, со кои ќе се озвозможи преку законската регулатива политичките подмладоци да се здобијат со повеќе влијание при носењето одлуки во политичкиот живот, а жените да имаат повеќе загаранирани места во извршувањето на јавни функции

05.01.2014 - 12:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега