Годинава големи инвестиции во повеќе медицински центри низ Македонија
Премиерот Никола Груевски денеска за време на означувањето на почетокот на градежните активности на новиот Клинички центар изјави дека годинава е планирано да се градат и реконструираат повеќе болници меѓу кои и кичевската, штипската и струмичката болница, како и болниците „8 Септемвври“, „Свети Наум Охридски“, детската клиника во Козле, а почна и градбата на ПЕТ-центарот во Скопје.
- Во 2014 предвидени се повеќе градби и реконструкции на други болници. Покрај комплексот клиники „Мајка Тереза“, на 8 јануари се објавува тендерот за градба на кичевската болница, како што ветивме пред неколку месеци, претпоставувам некаде на пролет ќе почне градбата. Исто така, годинава ќе се гради нова клиничка болница во Штип, а сегашната ќе биде вон употреба откако ќе биде изградена новата. Тоа е исто така крупен и сериозен објект, многу современ објект, значи сегашната, која што е од триесетите години, ќе биде заменета со нова, рече Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа