Чума кај мали преживари се шири во Албанија: Опасност од пренос во Македонија, АХВ воведе засилени мерки

 


Во Албанија се проширува  картата на болеста чума кај малите преживари, каде по северниот град Скадар, заразени грла се регистрирани и во Пешкопеја и пограничниот град Булќиза, кој е на дваесетина километри оддалечен од Дебар.

Албанската агенција за храна и ветеринарство информираше дека сите стада каде што се регистрирани случаи на зараза се ставени под карантин и оти во фармата во Поштиба, кај Скадар и во Мартенеш, кај Булќиза, уништени се над 200 грла, според соодветните стандарди.

Поради близината и појавата, иако поретко од претходно, на  шверц на добиток од албанска на македонска територија, постои голема опасност болеста да биде пренесена.

Веднаш по појавата на болеста, македонската Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) воведе засилени мерки на надзор, особено во регионот на западна Македонија, со цел да се спречи внесување и ширење на болеста од соседна Албанија во земјава. 

09.06.2025 - 16:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега