СДСМ: Шиповиќ противзаконски се држи во притвор

 

Од СДСМ денеска реагираат дека е 2-ри јануари 2014 година, а Мирослав Шиповиќ и соработниците се веќе 79 дена во притвор.

 - Тука сме да го изразиме нашиот протест поради бесправното задржување на Претседавачот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ и неговите соработници во притвор. Истражниот судија го продолжи притворот на  обвинетите само поради сомневање тие да не се дадат во бегство. Истрагата е завршена и предметот е предаден од истражниот судија на Јавното обвинителство. Прашуваме, на која истрага да не влијаат Шиповиќ и соработниците кога истрагата е завршена?, велат од СДСМ.

Од СДСМ изјавуваат дека не постои ниту еден правен основ  за претседателот на Советот на Општина Центар и соработниците да се во притвор, бидејќи ниту можат да го повторат делото ниту да влијаат на истрагата.

-Шиповиќ не само што нема намера да бега, туку самоиницијативно предвреме се врати во Македонија. Дополнително, раководството на СДСМ понуди сопствен имот како уште една гаранција дека намерата на Шиповиќ е во судска постапка да ја докаже својата невиност. Ова е кршење на законот кое само уште еднаш потврдува дека Шиповиќ и соработниците се политички затвореници. Денес на сите во Македонија им е јасно дека ова е политички прогон за прикривање на криминалот од Скопје 2014, велат од партијата.

 

 

 

02.01.2014 - 13:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега