Паднаа двајца полицајци - 14 дела застареле поради несовесно постапување
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична против А.С. и Л.Т.М..
Пријавените, во време на извршување на делото во периодот од 08.07.2020 до 06.12.2021, на работно место полициски службеници во Отсек за општ криминалитет при СВР Велес несовесно постапувале со предметите кои им биле доверени во вршењето на своите овластувања. Имено, по вкупно 14 предмети за сторени кривични дела „кражба“, и „тешка кражба“, пријавените не постапиле навремено, не преземале дејствија во однос на реализација и откривање на сторителите и не го известиле надлежното јавно обвинителство, со што дозволиле делата апсолутно да застарат за гонење, согласно член 107 „застареност на кривично гонење“ од КЗ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа