Зеленски ги поздрави новите санкции од Обединетото Кралство кон Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше по телефон со британскиот премиер Кир Стармер за напорите за постигнување траен мир во Украина, а исто така ги поздрави и новите британски санкции против Русија.
„Само силата ќе успее. Денес постои британска одлука за санкции, постои и одлука на ЕУ, и би било добро ако и САД би помогнале. Европските партнери веќе ги подготвуваат следните чекори во овој исклучително важен притисок врз Русија за прекин на војната“, рече Зеленски.
Лидерите на двете земји разговараа за деталите од заедничката дипломатска работа и можните средби што би можеле да обезбедат прекин на огнот и траен мир, пренесува Укринформ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа