Му помогнал да ја скрие крвавата облека - Нови детали за убиството во Скопје

 

СВР Скопје го расчисти убиството кое на 03. мај, околу 15 часот ја потресе Македонија.

Во скопската населба Шуто Орузари Н.А. (38) од Скопје при семејна расправија со нож ја лишил од живот својата невенчана сопруга Р.А. (36) од Скопје. Откако ја убил, сторителот се дал во бегство, но по преземени мерки и активности, тој е лишен од слобода при обид да ја помине државната граница на Граничниот премин Табановце.

На местото на настанот е извршен увид во присуство на Јавен обвинител и обдуценти од Институтот за судска медицина и криминалистика, по што телото на починатата е пренесено на ИСМК за обдукција. Дополнително, утврден е идентитетот на Д.С. (32), кој му помогнал на сторителот и го возел до Табановце по грозоморниот чин, а му помогнал и да ја фрли облеката што тој а носел за време на убиството.

Облеката потоа од страна на полициските службеници е пронајдена и подигната за вештачење, а Д.С. е лишен од слобода.
Исто така, пронајден е и ножот со кој сторителот го извршил кривичното дело.

По обезбедување на доказниот материјал, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава во итна постапка против Н.А.  за кривично дело “Убиство" по чл. 123 ст.2 т.2 од КЗ и против Д.С.за кривично дело “Помагање на сторител по извршено кривично дело" по чл. 365 ст. 3 од КЗ.

05.05.2025 - 09:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега