Бектеши останува во притвор, одбиени жалбите на екс-градоначалниците
Апелациониот суд во Штип ги одби како неосновани жалбите на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, како и на поранешните градоначалници на Кочани, Николчо Илијев и Ратко Димитровски. Со оваа одлука, Бектеши останува во притвор, додека Илијев и Димитровски остануваат во куќен притвор.
Тројцата се осомничени во рамките на истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 61 лице.
Во притвор останува и поранешната државна секретарка во Министерството за економија, Размена Чекиќ Дуровиќ, која потпишала втора лиценца за вршење на угостителска дејност на дискотеката.
Судот постапуваше по вкупно осум жалби, од кои беше прифатена само една — онаа на инспектор од Државниот пазарен инспекторат од Виница. За него, мерката куќен притвор беше заменета со поблаги мерки на претпазливост.
Истрагата продолжува, а јавноста сè уште со внимание ги следи случувањата околу една од најтрагичните несреќи во поновата историја на земјата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа