Поројниот дожд направи проблеми - Поплава во Ченто

 

 

Поројниот дожд кој го зафати Скопје вчера, направи проблеми во населбата Ченто.

Вчера во 20.15 часот, преку 112 во Центарот за управување со кризи е добиена пријава за големо количество на вода на улица „Фуштанска“ 14А во скопската населба „Ченто“, општина Гази Баба.

Според првите информации биле поплавени подрумските простории на повеќе приватни куќи долж улицата, но водата не попречува сообраќај.

Нема повредени лица. 


 

25.04.2025 - 11:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега