Маж загина во сообраќајка, друг излегол да види па го прегазил камион - Трагедија утрово ја потресе Србија
Две тешки сообраќајни несреќи ја потресоа утрово Србија, во кои едно лице загина, а едно лице е тешко повредено и итно пренесено на реанимација.
Според српските медиуми, првата несреќа се случила пред осум часот кај хотелот "1,000 рози" на обиколницата кај Белград. За жал, починал 30-годишен маж кај кого Брзата помош можела само да констатира смрт откако со возилото се забил во банкина.
Другата несреќа се случила во 8 часот и 10 минути, кога маж бил прегазен од камион, на другата страна од авто-патот. Тој излегол да види што се случува, по првата несреќа која се случила на истиот автопат, па на него налетал камион.
Мажот чиј идентитет е непознат, е пренесен со тешки повреди во болница, на реанимација и лекарите се борат за неговиот живот.
Се очекуваат детали.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа