СДСМ: Глигоров беше архитект на независна Република Македонија

 

СДСМ испрати соопштение до јавноста по повод две години од смртта на претседателот Киро Глигоров, првиот претседател на независна и суверена Република Македонија.

9По повод две годишнината од неговата смрт, делегација на СДСМ предводена од Потпретседателот Дамјан Манчевски, денеска ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на Претседателот Киро Глигоров. Претседателот Глигоров беше архитект на независна Република Македонија. Неговиот придонес во етаблирањето на Македонија на меѓународната политичка сцена е исклучително значаен. Особено, имајќи ги во предвид околностите во регионот и војните кои беснееја на почетокот на деведесетите годиниИ покрај сериозените предизвици со кои се соочуваше нашата држава, тој успеа да ја се избори за Македонија, да ѝ обезбеди достојно место на меѓународната сцена, да ги преброди внатрешните кризи и да обезбеди економска, политичка и меѓународна стабилност на земјата, стои во соопштението од СДСМ

После сите овие години, додаваат од СДСМ, претседателот Глигоров останува запаметен како човекот што се вгради во македонската државност.

 

-СДСМ и сите граѓани на Република Македонија со пиетет се сеќаваат на маркантните достигнувања кои претседателот Глигоров ги оствари за Република Македонија, стои во соопштението.

 

01.01.2014 - 13:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега