МВР: 11 сообраќајки во Штип за Велигден, 129 возила биле нерегистрирани

 


За време на Велигденските празници, во периодот од 17 до 21 април, на подрачјето на СВР Штип беа преземени засилени мерки во областа на сообраќајот, при што беа контролирани 1 294 возила и беа издадени вкупно 258 прекршочни платни налози, информираат денеска преку соопштение од Секторот за внатрешни работи - Штип.

Во него се посочува дека при контролите, од сообраќај биле исклучени 21 возачи, затоа што управувале возила под дејство на алкохол, односно 14 возачи затоа што управувале возила без возачка дозвола.

-За управување возила со брзина поголема од дозволената беа издадени 107 прекршочни платни налози, а 129 за нерегистрирани возила, се вели во соопштението на СВР-Штип.

Во овој период биле регистрирани 11 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, четири со телесни повреди и пет со материјална штета. 

22.04.2025 - 16:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега