Гори градската депонија во Демир Хисар
Гори градската депонија во Демир Хисар, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи Демир Хисар (РЦУК).
Во соопштението се наведува дека на терен интервенираат четворица пожарникари од Територијалната противпожарна единица Демир Хисар со две противпожарни возила, Јавното комунално претпријатие Комуналец Демир Хисар со пет работници и една градежна машина.
– РЦУК Демир Хисар ја пренесуваат информацијата од ЈКП Комуналец Демир Хисар во која се наведува дека е започнат пожар на градска депонија во Демир Хисар. Интервенираат од ТППЕ Демир Хисар четворица пожарникари со две ПП возила, ЈКП Комуналец Демир Хисар со пет работници и една градежна машина. Дополнително е побарана помош од уште еден приватен субјект со една градежна машина која се уште не е пристигната, соопштуваат од ЦУК.
Пожарот, додаваат, засега е под конрола и нема проширување на останатиот дел од депонијата, но, како што велат, поради појавата на ветер гаснењето е отежнато.
– Горат автомобилски гуми поради што има појава на густ црн чад, пожарот засега е под контрола нема проширување на останатиот дел од депонијата меѓутоа поради појава на ветер гаснењето е отежнато, додаваат од ЦУК.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа