Тешка сообраќајка во Македонија - Шест повредени, меѓу нив и деца

 

Во текот на вчерашниот ден во 15 часот и 30 минути, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила тешка сообраќајна несреќа.

Според информациите, се судриле патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ф.К.Л.(53) од Франција и „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(42) од Куманово.

Возачот на возило „киа“ и сопатничката К.К.А.Е. (19) од Франција се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот на возилото „шкода“ и сопатниците С.К.(36) и две малолетни лица, сите од Куманово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

22.04.2025 - 10:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега