МВР: Отворени шалтерите за лични документи пред Велигден - eве го работното време

Министерството за внатрешни работи во пресрет на претстојните Велигденски празници, ја информира јавноста дека утре (18.04.) сите Отсеци за управни работи при Одделот за управни работи на МВР, освен Одделението за управни работи Скопје ќе работат во периодот од 08.00 до 16.00 часот.
Одделението за управни работи Скопје, пак, односно неговите организациони единици утре (18.04) ќе работат со следниот временски распоред:
Пункт Пролет - двосменски од 07.30 до 19.30 часот;
Пункт МТВ - двосменски од 07.30 до 19.30 часот, а со истиот распоред ќе работат и пунктовите во Беко и во Ѓорче Петров;
Пунктовите Драчево и Бутел ќе работат во една смена во периодот од 10.00 до 18.00 часот.
Притоа, ги известуваме граѓаните дека фотографирањето за лични документи ќе се врши без закажување на термин, а издавањето на документите ќе се одвива тековно.
Задутре пак (сабота 19.04.) ќе работат само шалтерите за издавање на лични документи во МТВ и Беко од 08.00 до 16.00 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа