Вељановски: Да ни е вечна и стабилна Македонија и во новата година
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во новогодишно обраќање на граѓаните им посака и во 2014-та да бидат со своите семејства, а Македонија и натаму да биде стабилна.
- За време на последните денови од годината што изминува, како по некое правило се навраќаме на настаните што беа дел од нашето секојдневие изминатите 12 месеци. Искрено верувам дека во годината што изминува, имавме повеќе поводи за задоволство отколку за незадоволство. Знам дека предизвиците се оние кои му ја даваат смислата на нашите животи, но исто така сум длабоко уверен дека посветеноста, истрајноста, чесноста и одговорноста се доминантните атрибути кои ги имаат граѓаните на Македонија, наведува Вељаноски во обраќањето.
Вељановски во честитката додава и дека знае дека е сосема реално да си посакаме уште похрабро и уште поенергично да ги надминуваме искушенијата за доброто на нашата држава и на нашиот народ. Затоа - и во следната година, да бидеме со нашите семејства и со Македонија. И во 2014 година нека ни биде вечна и стабилна Македонија и нека ни бидат здрави и живи семејствата, истакна првиот парламентарец во своето новогодишно обраќање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа