Викендов исклучувања на водата - Проверете кои делови од Скопје ќе немаат вода
Од скопски Водовод известуваат за најавен прекин во водоснабдувањето во еден ден од викендот.
На 13.04.2025 (недела) поради дефект на затворач на крстосницата Неџат Аголи/ Коста Абрашевиќ, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Неџат Аголи, Коста Абрашевиќ и Кримска, вклучително и гинеколошко-акушерска болница „Чаир“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
11.04.2025 - 08:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа