Ѓоковиќ по дебаклот: Им се извинувам на сите кои мораа да го гледаат ова
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше елиминиран на стартот на мастерсот во Монте Карло од Чилеанецот Алехандро Табило со 0-2 во сетови, односно 3-6 и 4-6.
Ѓоковиќ на почетокот на прес-конференцијата им се извини на навивачите поради неговиот катастрофален настап.
„Се надевав дека ова нема да се случи, но веројатноста беше голема дека ќе одиграм вака. Ужасно чувство е да се игра вака и им се извинувам на сите кои мораа да го гледаат ова. Немам објаснување за мојата игра“, кажа Ѓоковиќ.
Србинот се очекува да настапи на мастерсите во Мадрид и Рим, каде што треба да ја подобри формата пред настапот на Ролан Гарос.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа