Делови од Македонија утре ќе немаат струја по неколку часа

 

На 3 јуни 2025 година (вторник), делови од Тетово и околните населени места ќе бидат без електрична енергија поради најавени технички интервенции на електро-дистрибутивната мрежа, информираат од „Електродистрибуција“.

Во селото Желино, дел од објектите кои се наоѓаат над училиштето ќе бидат без струја од 09:00 до 14:00 часот.

Во Лавце и Селце ќе има прекин на струјата за целите села, од 09:00 до 15:30 часот.

Прекин на електрична енергија ќе има и кај репетиторите Космофон, Кале и ХПП Пена, во исто време – од 09:00 до 15:30.

Во Доброште струјата ќе биде исклучена од 09:00 до 12:00 часот, а во Палатица и Сиричино од 09:00 до 14:30 часот. Во Сиричино, прекинот се однесува само на дел од селото.

Во Голема Речица, електрична енергија ќе нема во периодот од 12:00 до 13:00 часот, при што ќе биде зафатено и основното училиште „Папарами“.

02.06.2025 - 23:07

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега