Позната причината од која избувнал пожарот во дискотеката во Кочани
Според последните информации на МВР, животот во трагедијата во дискотеката во Кочани го загубиле 51 лице, а повеќе од 100 се пренесени на лекување во болница, соопшти денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, од Кочани. Како што појасни тој, во врска со настанот има и приведени лица.
Пожарот, како што рече Тошковски, е последица на искри од пиротехника употребена за светлосен ефект.
16.03.2025 - 09:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа