ПОБРЗАЈТЕ: Имате уште шест месеци да ги поднесете барањата за елаборати за легализација

 

Граѓаните да поднесат барања за елаборати за легализација, остануваат уште шест месеци за нивно доставување, а геодетските фирми нема да можат да стасаат да ги изработат, апелираше денеска директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.

Како што информираше Трпески, геодетските фирми до 18 јуни следната година треба да изработат над 200.000 елаборати за легализација. Досега се изработени само 120.000 елаборати, а вкупно се поднесени 350.000 барања за легализација.  

- Се работи за огромен број граѓани кои не  поднеле барање за изготвување геодетски елаборати. Апелирам тоа да го направат веднаш бидејќи веќе математичко не може да се стаса да се изработат  елаборатите со капацитетите  што ги имаат геодетските фирми. Во Македонија има 149 геодетски фирми  со 400 вработени, а зборуваме  за бројка од над 200.000 елаборати што треба да се направат за шест месеци. Тоа е огромна бројка и затоа треба да се пристапи кон тоа, инаку ќе нема време, рече денеска Трпески.

Тој истакна дека геодетските фирми нема да примаат барања бидејќи нема да можат да ја исполнат својата законска обврска да ги изготват елаборатите во рокот за да можат странките да ги достават до општините.

30.12.2013 - 13:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега